Top Sport

Бенџамин победи, па го дисквалификуваа, па повотрно го прогласија за победник

Се и сешто се случуваше во финалето на трката на 400 метри со пречки, на крајот, Американецот Реј Бенџамин стана најдобар во светот.

Првично, Бенџамин, актуелниот олимписки шампион, победи за 46,52 секунди. И додека се сликаше со круната, стигна веста дека е дисквалификуван, иако славеше убедливо.

Причината е затоа што со уривањето на последната пречка, наводно го попречил натпреварувачот до него. Чудна одлука бидејќи Американецот беше далеку пред сите ривали.

Сепак, по неколку минути, сè беше вратено на свое место и резултатот од патеката беше потврден. Среброто заврши околу вратот на Бразилецот Алисон Дос Сантос (46,84), а трет беше Абдерахман Самба од Катар (47,06).

Норвежанецот Вархолм, прв фаворит и светски рекордер, се распадна на финишот и падна од второто на петтото место со 47,58.

Во отсуство на Сидни Меклафлин, јасно е дека во трките на 400 метри со пречки за жени, Фекме Бол е неприкосновена. Холанѓанката ја оправда својата улога како фаворит и славеше со 51,54. По неа следеше Американката Џонс со 52,08, додека Ема Заплеталова од Словачка заврши на третото место со национален рекорд од 53,00.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top