Top Sport

Беретини преку „џелатот“ на Федерер стигна до финалето на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Матео Беретини го направи резултатот на кариерата. Тој во 4 сета го победи Полјакот Хуберт Хуркач и се пласираше во големото финале на Вимблдон.

Беретини по лесно освоените први два сета, со 6-3 и 6-0 стагнираше во третиот. Хуркач по тај брејк успеа мечот да го одведе во четврти сет, но таму немаше сила за изненадување. Го загуби со резултат 6-4.

Беретини најпрво го освои турнирот во Квинс на трева во Лондон, а потоа на Вимблдон ги испрати дома Пела, Ван де Заншулп, Бедене, Ивашка, Оже-Алијасим и денеска Хуркач, кој пак за влез во финалето во три сета го збриша легендарниот Роџер Федерер.

Матео Беретини кој е 9. на АТП листата во недела во големото финале ќе игра против подобриот од дуелот кој е во тек во Лондон, меѓу Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов.

Scroll to Top