Матео Беретини се повлече од завршниот мастерс во Торино. Италијанскиот тенисер, му го предаде мечот од првото коло на Александар Зверев.
Во Црвената група на мастерсот во Торино, Зверев по голема борба, во тај-брејкот го доби првиот сет против Беретини. Сетот траеше 79.минути.
Италијанецот потоа побара медицинска помош, но не успеа да го продолжи мечот поради повредата.
На местото на Беретини, во преостанатите два меча во групата ќе игра Јаник Синер.