Инеос, тимот на Еган Бернал победникот на Тур д’Франс, од трката заработил 800.000 евра, објавија организаторите на трката.
Најзначајниот дел од таа сума, околу 500.000 евра, ќе му припаднат на победникот на трката, која оваа година беше долга речиси 3.500 километри.
Од сите тимови, најмалку пари заработиле Тотал Дирегт Енерџи, 17.760 евра, односно во просек по 2.207 евра за секој возач.