Top Sport

Бернал се повлече од Тд’Ф

Бранителот на титулата на Тур д’Франс, велосипедистот на Инеос, Егон Бернал, се повлече од трката.

Бернал минатата недела имаше проблеми поради што зад водечките во генералниот пласман заостанува седум минути. Во вторникот, во текот на етапата, имал проблеми со грбот, а потоа и со коленото. Поради повредите воочи 17 етапа Бернал решил да се повлече.

Бернал во моментов се наоѓа на 16 позиција во генералниот пласман со 19 минути и четири секунди послабо време од лидерот Примож Роглич.

Scroll to Top