Top Sport

Дебакл на Вавринка во Рим

Стен Вавринка доживеа дебакл на мастерсот во Рим. Освојувачот на три Гренд слем титули испадна во првото коло од 249 играч на АТП листата Лоренцо Мусети.

Вавринка, кој за настап на овој мастерс и за Роланд Гарос се подготвуваше на „челинџер“ турнирите во Прага, првиот сет го загуби по само 24 минути игра. Искусниот Швајцарец против 18 годишниот Италијанец не успеа да освои ниту еден гем.

Во вториот сет Вавринка беше малку подобар, но сепак не успеа да го добие тај-брејкот. На крајот Мусети победи 6/0, 7/6.

Scroll to Top