Без навивачи од странство, од 23.јули до 8.август, ќе се одржат Олимписките игри во Токио. Оваа одлука треба да биде потврдена до крајот на овој месец.
Јапонските власти и членовите на Организациониот одбор, стравуваат дека пристигнувањето на луѓе од други држави, може да го забрза ширењето на коронавирусот. Се претпоставува дека на мал број домашни навивачи ќе им биде дозволено во живо да ги следат настаните на олимписките игри.
„Сакаме сите учесници на Игрите да бидат безбедни, но сакаме да бидат безбедни и жителите на Токио. Водиме сметка за сите детали, не сакаме никој да биде загрозен“, рекол првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.
Кога станува збор за новинарите, тиме по пристигнувањето во Токио нема да мора да одат во 14-дневна изолација. Новинарите ќе треба да имаат негативни ПЦР-тестови и нивното движење додека траат Игрите ќе биде ограничено.