Top Sport

Без Раониќ на Ју-Ес опен

Милош Раониќ нема да игра на последниот гренд-слем во сезоната, Ју-Ес опен. Канаѓанецот поради повреда се повлекол од турнирот.

Раониќ пред три недели играше на Роџерс купот, кога при резултат 1-1 во сетови му го предаде мечот на сонародникот Феликс Оже Алијасим.

Канаѓанецот нема среќа со повредите од почетокот на година, буквално на ниту еден турнир што го играл не бил целосно здрав.

На местото на Раониќ како „лаки лузер“ на турнирот ќе настапи Камил Мајчрзак. Негов противник во првата рунда ќе биде Чилеанецот Николас Жари.

Scroll to Top