Јоханес Тингнес Бо стигна до втората победа на Светскиот куп во биатлон во австрискиот Хохфилцен со триумф на 12.5 километарската пурсуит трка.
Норвежанецот имаше победа во петочниот спринт, за да ја одбрани предноста и да стигне до третата победа оваа сезона и 16. во кариерата. Втор беше Словенецот Јаков Фак (трет подиум во низа), пред актуелниот шампион од Светскиот куп, Французинот Мартин Фуркад.
Фуркад останува лидер во генерален пласман и покрај трите победи во пет трки на Бо, бидејќи е единствениот кој во сите трки оваа сезона бил на подиумот.
Во женскиот пурсуит, до прва победа од 2014 година стигна Словачката Анастасија Кузмина, победувајќи ги Финката Каиса Макараинен и Белорусинката Дарја Домрачева, победничката од петочниот спринт.