Квентин Филон Мае победи во бијатлонската трка на 20 километри, на Зимските олимписки игри во Пекинг. Златото на Мае е прво за Франција во Пекинг.
Францускиот репрезентативец, благодарение на одличното трчање, успеа прв да мине низ целта. На стрелиштето имаше две промашувања. Победничкото време на Мае изнесува 44:47.4 минути.
Првиот медал на Белорусија и го донесе „сребрниот“ во трката, Антон Смолски. На стрелиштето беше беспрекорен (20/20), но во трчањето не успеа да му парира на Мае. Неговиот резултат беше за 14,8 секунди од времето на победникот.
Јоханес Тигнес Бо од Норвешка трката ја заврши на третото место.