Top Sport

Бизарен ас на челинџ турнир во Кина, Словенецот Рола со лесен поен (видео)

Бизарен детал на тениски меч беше забележан денеска во Зухаи, Кина. Имено на мечот меѓу Словенецот Блаж Рола (199-ти на АТП листата) и неговиот противник, Французинот Баптист Крепат (424-ти на АТП) пред крајот на третиот сет беше сервиран невообичаен ас.

Словенецот имаше 15:0 и 6:5 во одлучувачкиот сет, па тогаш сервираше во полето на противникот, кој пак беше на сосема другиот крај на теренот, подготвувајќи се за одбрана.

Уште почудна е одлуката на судијата кој поенот му го додели на Рола и не сакаше да го повтори сервирањето. Истото го направи и во следниот поен.

Потоа следуваше кавга на Французинот со судијата.

Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top