Шведската атлетичарка, Анџелика Бенгстон, имаше среќа и без последици мина по инцидентот што и се случи на Светското првенство во Доха.
Бенгстон се натпреварува во дисциплината скок со стап. При еден обид во финалата серија стапот пукна во моментот кога таа се одвои од подлогата. Среќа за Швеѓанката е што паднала сунѓерите.
Иако изгледаат тенко стаповите се направени од посебен, многу издржлив материјал, може да се свитка за да се допрат двата краја. Вакви инциденти во оваа дисциплина ретко се случуваат и досега немало потешки повреди.
Швеѓанката на во финалната серија прескокна 4,80 метри што е нов национален рекорд.