Top Sport

Бизарна дисквалификација на Тенис Сандгрен

Американскиот тенисер, Тенис Сандгрен, доживеа бизарна дисквалификација на челинџерот во Кери. На сличен начин, минатата година Новак Ѓоковиќ доживеа дисквалиикација на Ју-ес опен.

Сандгрен „пукнал“, кога едно топче го погодило на „незгодното место“. Тој потоа со рекетот го удрил топчето кое го закачило линискиот судија.

„Вечерва со топче ме погодија во тестисите. Го удрив топчето во оградата, а потоа топчето се судри со задникот на судијата, кој шеташе на спротивната страна од теренот. Тоа резултираше со моја дисквалификација“, напишал Сандгрен на Твитер.

Бизарноста е уште поголема ако се знае дека мечот беше прекинат по само еден одигран гем.

Scroll to Top