Top Sport

Британската штафета ќе остане без среброто од Токио

Сребрената штафета 4×100 метри, на Велика Британија, ќе остане без олимпискиот медал од Токио. Членот на штафетата, Си-Џеј Уџах, бил позитивен на допинг-тестот во Токио, а допингот го потвридл и Б-тестот.

Меѓународниот олимписки комитет сигурно ќе им го одземе медалот на Британците. Во штафетната трка Велика Британија трчаше во состав Уџах, Хјуз, Мичел Блејк и Килти.

Во спринт траката 4×100 метри, победи Италија, среброто треба да го добијат Канаѓаните, а бронзата ќе заврши кај Кинезите.

Уџах, бил позитивен на забранетата супстанца Остарин.

Scroll to Top