Top Sport

Бизарни се правилата за мечот Мејведер-Насукава

Флојд Мејведер на 31.декември, во Јапонија, ќе се бори на „РИЗИН 14 евент“, а противник ќе му биде јапонскиот кик-боксер, Теншин Насукава. Станува збор за егзибиција, за која Мејведер ќе заработи многу пари. Мејведер и Насукава ќе се борат според боксерските правила, кој според она што е објавено делуваат бизарно.

Три рунди по три минути, толку е предвидено да трае борбата. Сепак двајцата ќе носат „РИЗИН“ ракавици од 8 ОЗ, а категоријата е 66,7 килограми.

Најбизарно е што во рингот нема да има судија, на крајот нема да биде прогласен победникот, а резултатот нема да биде запишан никаде, односно нема да биде официјален.

Scroll to Top