Публиката во Минеаполис, изминатата ноќ, присуствуваше на еден од најкратките мечеви во боксерската историја. Мечот помеѓу Американецот Куртис Харпер и Нигериецот
траеше една секунда.
Ајагбе излезе како победник од овој меч, иако воопшто не го допре својот противник Харпер.
Американскиот боксер, веднаш штом гонгот го означи почетокот на мечот, едноставно замина од рингот. Нигериецот остана закопан в место вчудоневиден од она што се случи.
Харпер со овој свој гест сакал да го искаже незадоволството бидејќи за мечот добил многу помалку пари од Ајагбе.