Top Sport

Бланка Влашиќ ја заврши кариерата

Една од најдобрите спортиски во историјата на Хрватска, Бланка Влашиќ, објави крај на кариерата.

Влашиќ, последните четири години, има големи проблеми со повредите, поради што и реши да стави крај на импресивната кариера.

Бланка Влашиќ, два пати била светска шампионка на отворено, во Осака 2007 и Берлин 2009 и два пати во сала, во Валенсија 2008 и Доха 2010.

Во кариерата била и европска шампионка, во Барселона во 2010 година. Влашиќ, во кариерата, не успеала да освои златен медал само на Олимписките игри, има сребро од Пекинг 2008 и бронза од Рио де Женеиро 2016.

Во сопственост на Влашиќ е вториот најдобар резултат на сите времиња, во скок во височина 208 сантиметри. Подобра од неа е само актуелната светска рекордерка Стевка Костадинова (209 сантиметри).

 

Scroll to Top