Top Sport

Блажевска Еминова и Стојановски настапија на пливачкиот Мундијал во Фукуока

Миа Блажевска Еминова и Андреј Стојановски настапија на петтиот ден од Светското првенство во пливање во Фукуока.

Миа Блажевска Еминова, во квалификациите на 100 метри слободно со време од 58.05 секунди заврши на седмото место во својата група. На крајот, во конкуренција на 77 натпреварувачки таа го освои 36.место.

Андреј Стојановски во квалификациите на 200 метри градно, со резултат 2.25:40 минути, заврши на четвртото место во својата група. Стојановски, во оваа дисциплина во конкуренција на 43. пливачи заврши на претпоследното место.

Scroll to Top