Foto/ Ipon.mk
Бобан Илиоски е светски првак во кик-бокс. Тој го освои златниот медал на Светското првенство во Луо кик, во категоријата до 86 килограми.
Во финалето, Илиоски, со убедливо 3:0 ја доби борбата против Нурбек Уришбоев од Узбекистан
Со идентични победи Илоски го мина четвртфиналето и полуфиналето против Босанецот Алберт Угринчиќ и Азербејџанецот Елјан Алкишијев.
Светското првенство на кое учествуваа 1.429 натпреварувачи од 77 држави се одржа Албуфеира, Португалија.