Top Sport

Боксерот Адонис Стивенсон излезе од кома по три недели! (видео)

Канадскиот боксер Адонис Стивенсон ја врати свеста по три недели во кома по поразот со нокаут во рингот на 1 декември, вели неговата девојка, Сајмон „Сиси“ Год.

41-годишниот Стивенсон, боксер роден на Хаити со голем број на титули во кариерата, беше нокаутиран од Украинецот Олександер Гвоздјик во 11. рунда од мечот во Квебек Сити, по што беше поставен во медицински индуцирана кома. Неговата девојка преку Твитер сега потврди дека тој е свесен.

„Адонис е буден и се опоравува од повредите во друштво на неговото семејство и на медицинскиот тим. Адонис е светски шампион во рингот и ја покажува истата упорност и во опоравувањето“, напиша Год на Твитер.

Стивенсон пред поразот од Гвоздик девет пати ја бранеше ВБЦ титулата во средно-тешка категорија.

Боксерската легенда во кома по тешкиот нокаут (Видео)

Scroll to Top