Top Sport

Бил ги „крена“ Визардс преку Санс по три продолженија! (видео)

Бредли Бил го оствари првиот трипл-дабл учинок во кариерата и го постигна победничкиот кош на 40 секунди пред крајот за Вашингтон визардс по три продолженија со 149:146 да ги победат Феникс санс.

Бил, кој постигна 10 поени во третото продолжение на крајот имапе 40 поени, 11 скока и рекордни 15 асистенции. Томас Брајант од Вашингтон имаше 31 поени и 13 скока, а исто така го израмни рекордот на клубот со 14-од-14 од поле (поставен од Бејли Хауел во 1965 година).

НБА шампионите, Голден Стејт вориорс го „скротија“ Лука Дончиќ и Далас маверикс во финишот на мечот за 120:116 победа во Оукленд и продолжување на лошата низа на гостите – Маверикс имаат пет порази во низа.

Далас беа подобар противник во првите три четвртини и водеа со 81:77 на 3:54 пред крајот на третата четвртина. Но, Јонас Јеребко потоа постигна 16 од своите 23 поени во 34:12 низата на крајот на третата и на почетокот на последната четвртина за Вориорс да дојдат до предност од 94:87. Кевин Дурент заврши со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Феникс 149:146 3ОТ

Голден Стејт – Далас 120:116

Јута – Оклахома сити 106:107

Филаделфија – Торонто 126:101

Хјустон – Сан Антонио 108:101

Л.А.Клиперс – Денвер 132:111

Мајами – Милвоки 94:87

 

 

Scroll to Top