Top Sport

Боксерката Калиф ги тужи Илон Маск и Џеј-Кеј Роулинг, истрага ќе има и против Трамп

Писателката Џej-Kej Роулинг и сосптвеникот на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, се именувани во кривичната пријава поднесена до француските власти за „сериозно сајбер малтретирање“ против алжирската боксерка, олимписката шампионка Имане Келиф.

Имане Келиф, која се соочи со обвинувања дека е маж за време турнирот во бокс на Олимписките во Париз, поднела тужба за вознемирување и лажни обвиненија

Како што пренесува „Variety“, тужбата е поднесена против „Х“, што според француското право значи дека е поднесена против непознати лица. Тоа значи дека „обвинителството ја има овласување да може да спроведе истрага против сите луѓе“, вклучувајќи ги и оние кои можеби пишувале пораки со омраза под псевдоними, рече Набуил Буди, адвокат ангажиран од Келиф.

Сепак, адвокатот Буди, „Variety“ дека Роулинг која се прослави со книгите за Хари Потер и газдата на „X“ Маск се именувани во тужбата поднесена во петокот во онлајн центарот за омраза на јавното обвинителство на Париз.

„Џеј Кеј Роулинг и Илон Маск се именувани меѓу другото во тужбата“, рече тој, додавајќи дека дел од истрагата ќе биде и кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.

„Трамп твитна, па без разлика дали е именуван во нашата тужба или не, тој неизбежно ќе биде сослушан во текот на истрагата“, додаде адвокатот.

Да потсетиме, Келиф стана олимписка шампионка по бројните обвинувања дека не е тоа за штп се претставува, односно дека не е родена како жена. И покрај коментарите и обвинувањата од целиот свет, таа стана првата натпреварувачка од Алжир што и донесе злато во боксот на својата земја, а со тоа и првиот медал за земјата од 1996 година.

„Ова е мојот сон. Осум години, ова е мојот сон. Јас сум олимпијка, освојувач на златен медал. Пресреќена сум. Осум години, работев толку напорно за ова“, рече Келиф.

Scroll to Top