Top Sport

Боксерската легенда во кома по тешкиот нокаут (Видео)

Украинецот Олександер Гвоздјик и Канаѓанецот Адонис Стивенсон, во саботата во Квебек, се бореа за шампионскиот појас во полутешка категорија, во верзијата ВБЦ. За жал борбата заврши лошо за 41-годишниот Стивенсон.

Пред крајот на 11.рунда Украинецот жестокот го нокаутирал својот противник. Стивенсон веднаш бил хоспитализиран, а поради сериозноста на повредите лекарите го ставиле во индуцирана кома.

Стивенсон, познат во светот на боксот по прекарот Супермен, изминатите пет години суверено владееше во полутешка категорија во ВБЦ верзијата. Тој девет пати успеал да ја одбрани титулата, која од саботата му припаѓа на Гвоздјик.

Scroll to Top