Top Sport

Каратистите на „Макпетрол“ успешни на Балканското првенство

Каратистите на Макпетрол, освоија два златни и еден бронзен медал, на 19. Балканско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), што викендов се одржа во Дубровник, Хрватска.

Најуспешен натпреварувач на ова првенство е Петар Спасеновски. Тој во категоријата -84 килограми за постари јуниори го освои златниот медал. Спасеновски со пет победи и без да загуби ниту еден поен стигна до најсјајното одличје.

Злато освои и Абдурахим Идризи, во јуниорска конкуренција во категорија -55 кг. Идризи на патот до златото победи пет противници.

Со бронзен медал се закити Глигор Петков, кој немаше среќа да влезе во финалето, Петков во полу-финалето беше дисквалификуван, поради што не доби можност да се бори за златниот медал.

На првенството учество земаа 12 балкански држави со 889 натпреварувачи.

Scroll to Top