Top Sport

Болт: Имате право да сте лути на играчите, ама немој да бидете расисти!

Јамајканскиот спринтер Усеин Болт во интервју за „Buzzfeed“ се осврна на расистичките навреди упатени кон тројцата англиски фудбалски репрезентативци (Рашфорд, Сака и Санчо) по промашените пенали на финалниот меч на ЕУРО 2020.
Олимпискиот шампион застана во нивн одбрана.

„Грдо е тоа што се случува, ужаснат сум. Тешко ми е да гледам такви работи. Како Африканец и како црнец морам да речам дека ситуацијата е многу тешка. Не можете да ги обвинувате нив тројца, тие не одлучуваат кој ќе шутира пенал. Видов дека влегоа во последната минута. Да сум тренер не би ставил да шутира некој кој има 19 години, нормално е 19-годишник да „пукне“ под притисокот. Сите се вознемирени кога ќе промашат пенал, но кога потоа се оди со расистички навреди, тоа е проблем. Не можам да верувам во кој правец оди фудбалот. Обожувам фудбал, ги следам играчите. Да бидете лути на играчите имате право, но немојте да сте расисти. На тоа не му е место во фудбалот, но ниту на ниедно друго место“ рече Болт.

Scroll to Top