Top Sport

Болт: Јас сум повеќе како Меси отколку како Роналдо

Јусеин Болт утре ќе биде дел од тренингот на тимот на Борусија Дортмунд, откако во средата настапи на егзибицискиот меч во Базел заедно со актуелни и поранешни фудбалски ѕвезди.

Љубовта на пензионираниот најбрз човек на светот кон фудбалот не е тајна и тој сега повторно зборуваше за тоа како кого е на теренот – повеќе како Лео Меси, отколку како Кристијано Роналдо.

„Би кажал дека повеќе се идентификувам со Меси, бидејќи тој е многу талентиран. Од тоа што го научив во текот на годините, Кристијано Роналдо работеше напорно да стигне до таму каде што е, додека јас бев роден со оваа брзина и со многу талент“, вели Болт.

Scroll to Top