Top Sport

Болт: Не добив чесна понуда, се уште ме бараат, ама веќе сум стар

Откако тројниот светски рекордер кој осумпати освојуваше олимписко злато се прости од атлетиката, сакаше да стане фудбалер. Усеин Болт (34) беше на проба во неколку клубови, тренираше и со Манчестер Јунајтед, а најдолго се задржа во австралиски Централ Кост Маринерс. Таму помина 2 месеци пред дефинитивно да се откаже од идејата за фудбалска кариера.

„Мислам дека не добив чесна понуда, не ги правев работите онака како што посакував, но мислам дека би бил добар во тоа. Размислувам и жал ми е што не се заврши онака како што посакував, навистина го сакам фудбалот. Сега сум родител и животот ми е поинаков. Среќен сум и возбуден што тргнав на тоа `патување`“ – вели Болт.

Тој вели дека се уште му испраќаат понуди.

„Добив некои понуди од луѓе кои ме прашаа дали навистина сум сериозен во идејата да играм фудбал. По некое време, сфатив дека веќе сум стар за тоа и сакам да останам во `пензија`“ – рече легендарниот спринтер.

Scroll to Top