Top Sport

Покрај ризикот и помалку пари на Флешинг Медоуз оваа година

Шампионите во синг на САД опен ќе добијат 850.000 долари помалку од минатата година, потврди Американската тениска асоцијација (УСТА) поради тоа што гренд слемот ќе се оддржи без присуство на гледачи поради корона кризата.

И покрај тоа, тие кои ќе загубат во првото коло ќе добијат повеќе пари од лани на гренд слемот кој почнува на 31 август. Вкупниот награден фонд е 53.4 милиони долари, помалку од минатогодишните 57 милиони долари.

Тие кои ќе загубат во првото коло ќе добијат 5 отсто повеќе од лани – 61.000 долари, додека шампионите во сингл ќе добијат 3 милиони долари, во споредба со 3.85 милиони долари лани. Поразените во финалето ќе добијат 1.5 милиони долари (во споредба со 1.9 милиони во 2019).

Scroll to Top