Најдобриот спринтер на сите времиња, Јусеин Болт, остана без златниот медал освоен во штафетната трка на 4×100 метри, на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Болти и останатите од штафетата останаа без златните одличја откако Судот за спортска арбитража ја одби жалбата на Неста Картер за позитивниот допинг тест за време на Игрите во Пекинг.
Штафетата на Јамајка, во Пекинг, постави нов светски рекорд (37,10 секунди) и го освои златниот медал. Меѓутоа, десет години подоцна, Меѓународниот олимписки комитет утврдил дека Неста Картер користел недозволени супастанци за време на Игрите.
Покрај Болт и Картер во штафетата тогаш трчаа уште и Мајкл Фратер и Асафа Пауел.
Со оваа одлука на судот во Лозана, Болт остана на осум освоени златни медали на Олимписките игри.
Златниот медал од Ои во 2008 година ќе им припадне на Ричард Томпсон, Емануел Календер, Кестон Бледман и Марк Барнс од Тринидад и Тобаго. Јапонците бронзата ќе ја заменат со среброто, а бронзениот медал ќе и припадна на штафетата на Бразил.