Top Sport

Болт сакал да трча на ОИ во Токио

Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт, открил дека сакал да се врати на тартанот на Олимписките игри во Токио. е откажал од намерата бидејќи не добил поддршка од својот тренер Глен Милс.

Јусен Болт, како светски рекордер на 100 и 200 метри, кариерата ја заврши во 2017 година. Атлетичарот од Јамајка, во пензија замина како осумкратен олимписки и светски шампион.

„Сега е доцна за кам-бек“, рекол 35-годишникот.

„Кога му кажав на мојот тренер дека сакам да се пензионирам, тој ми одговори дека мора да биде така, дека не сака подоцна да се подготвува за кам-бек. Се сеќавам дека во 2019 година го прашав за мислење да се натпреварувам на ОИ во Токио. Ме погледна и ми кажа дека не треба да размислувам на таа тема. Го прифатив тоа. Му верувам, кога тој вели дека не треба да го правам тоа, тогаш и не треба да го правам. Но желбата и понатаму постои“.

Откако заврши со атлетиката, Болт имаше неуспешен обид да стане фудбалер. Сега се занимава со музика, истакнал дека сака да ја освои Греми наградата.

Scroll to Top