Top Sport

Болт жали што не учествувал на ОИ во Токио

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јсен Болт, жали што не настапил на Олимписките игри во Токио.

Осумкратниот олимписки шампион, смета дека во Токио би ја зголемил својата колекција.

„Ја подигнав високо границата со моите рекорди. Во Токио сигурно би бил побрз од 9.80 секунди. Жал ми е што се пензионирав“, рекол Болт.

Златниот медал на 100 метри, во Токио, со нов европски рекорд 9,80 секунди, го освои Марсел Ламонт Џејкобс од Италија.

„Направив се што можев во овој спорт, никој не ми е рамен во денешната генерација. Поради тоа сум сигурен дека уште долго години моите рекорди нема да бидат соборени“, заклучил Болт.

Рекордот на Болт, на 100 метри, изнесува 9,58 секунди.

Scroll to Top