Top Sport

Борхес во друштво со Федерер, Мареј и Ѓоковиќ

Португалскиот тенисер Нуно Борхес вчера го забележа најголемиот успех во кариерата.

Тој го освои АТП турнирот во Баштад, Шведска. Успехот на Борхес добива на тежина ако се знае дека во финалето триумфираше против „кралот на земјаната подлога“ Рафаел Надал.

Португалецот победи по 90 минути игра, со 6:3, 6:2.

Борхес со овој триумф влезе во елтино дуѓтво во кое се Роџер Федерер, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Овие четворца без загубен сет добиле АТп финале против Надал.

Борхес е највисоко рангираниот Португалец на АТП листата и единствениот во топ 100. По освојувањето на титулата во Шведска, тој скокна од 51. на 42. место.

Scroll to Top