Top Sport

Борис Бекер обвинет за сексизам

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер очигледно претера со своите коментари на сметка на српската тениска судијка на САД опен, Маријана Вељовиќ. Проблем се сексистиките коментари што Бекер ги упатил до атрактивната Србинка додека таа го судеше полуфиналниот дуел Зверев – Карењо-Буста.

Бекер кој сега е тениски коментатор за Еуроспорт во текот на преносот ја опсипувај судијката со комплименти.

„Морам да кажам дека судијката е многу слатка. Битно е јадењето да е вкусно и убаво да изгледа“ рекол Бекер кој е познат по тоа дека има слабост кон жените.

Токму тоа предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а Бекер беше обвинет за сексизам, пренесува швајцарски „Блик“.

Scroll to Top