Top Sport

Братучедот на Хабиб со прва УФЦ победа

Откако обидите на УФЦ шефот Дејна Вајт да го разубеди Хабиб Нурмагомедов да се врати во кафезот пропаднаа, тој може да се радува што има нов Нурмагомедов во октагонот, откако братучедот на Хабиб, Абубакар Нурмагомедов стигна до првата УФЦ победа против Џаред Гуден.

Абубакар загуби во УФЦ дебито во ноември 2019 година, за вчера вечер во Лас Вегас да го победи Гуден на поени (30:27, 30:27, 30:27), со Хабиб покрај него.

По спората прва рунда, во која Нурмагомедов имаше повеќе удари, во втората, Дагестанецот почна да ја презема контролата и иницијативата, за во третата рунда да успее да го собори Американецот и да остане над него до крајот на мечот.

Scroll to Top