Top Sport

Брејкденсот стана олимписки спорт

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), потврди дека брејкденс ќе се најде во официјалната програма на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Исто така, ИОК, официјализира уште три спорта. скјетборд, спортско искачување на карпа и сурфање.

Брејкденс, прв пат во олимпиското семејство влезе на младинската Олимпијада во Буенос Аирес во 2018 година. ИОК, со оваа своја одлука, сака Олимписките игри да им ги доближи на младите луѓе кои не се „врзани“ за традиционалните спортови.

ИОК објави дека на ОИ во Париз, во брејкденс, ќе се натпреваруваат по 12 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

 

Scroll to Top