Серена Вилијамс, седумкратната победничка на терените на „Олд Ингланд клубот“, се пласираше во финалето, на третиот гренд слем во сезоната, Вилмблдон.
Американката, в сабота, ќе го игра своето 30.гренд слем финале, десето во Вимблдон. Серена во досегашните 29 гренд слем финалиња има освоено 23 титули.
Помладата од сестрите Вилијамс, за пласман во финалето, ја победи Германката Јулија Гергес, во два сета 6:2, 6:4 за 72 минути игра.
Гергес, која го оствари најдобриот резултат во кариерата, одигра одличен меч, но ниту тоа не беше доволно да и наштети на брилијантната Серена.
Американката првиот сет го реши со четири гема во низа и по 2:2 стигна до 6:2, а потоа со поен го отвори и вториот сет.
Во овој период, Серена експресно стигна до предност од 5:2, меѓутоа Гергес успеа да се врати во мечот, дојде до 5:4 имаше и сервис за израмнување, но не го издржа притисокот, а Серена со брејк го затвори мечот.
Серена Вилијамс во финалето ќе игра против Анџелик Кербер, која претходно со 6:3, 6:3 ја победи Летонската Елена Остапенко.
Вилијамс и Кербер играа во финалето во Вимблдон и во 2016 година кога победата и припадна на Американката.