Американецот, Александар Хол, го освои златниот медал во слободно скијање, во дисциплината слопстајл.
Извонредниот Американец, златото го освои благодарение на иновативниот трки, што го изведе во првиот обид.
„Беше забавно. Дефинитивно ова е најдобриот настап во мојата кариера во слопстајл“, рекол новиот олимписки шампион.
Среброто го освои неговиот сонародник Николас Гепер. За Гепер ова е трет олимписки медал во оваа дисциплина во кариерата.
Третото место му припадна на Швеѓанецот, Јаспер Тјадер.