Top Sport

Мурињо: Изговорот на Клоп беше лицемерен

Жозе Мурињо, нормално, не заборави на зборовите на Јирген Клоп откако шефот на Ливерпул потроши рекордни 75 милиони фунти за потпис на дефанзивецот на Саутемптон, Виргил ван Дајк.

Клоп во летото 2016 година со потсмев гледаше на потписот на Манчестер јунајтед со Пол Погба за 100 милиони евра (89 милиони фунти)

„Мислам дека еден од нив специфично зборуваше за тоа – само Јирген. Затоа него прашајте го за коментарите од пред една година. Но, не сакам да зборуваме за таа работа, бидејќи во Ливерпул прават што сакаат и јас не сум тој што треба да коментира за тоа. Ако мислат дека тоа е вистински играч за нив и навистина го сакаат, тогаш ќе ја платат сумата, бидејќи тоа е пазарот. Споредете со ситуација од пред 3 години, и станува невозможно. Ван Дајк е најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, но дали е подобар од Паоло Малдини, Џузепе Бергоми или Рио Фердинанд? Не можете да кажете така“, вели Мурињо.

Летото 2016, Клоп беше шокиран од парите кои Јунајтед ги дадоа за Погба.

„Другите тимови можат да одат и да трошат повеќе пари и да ги соберат врвните играчи. Но, ако донесете еден играч за 100 милиони фунти и тој се повреди, тогаш сè отиде низ оџак. Дали би го направил тоа поинаку? Да, секако. Поинаку би ги потрошил тие пари. Кога ќе стане тоа фудбалот, треба да не бидам менаџер“, изјави тогаш Германецот.

Клоп си ги „изеде зборовите“ – лани 100 милиони беа многу пари за еден играч

Scroll to Top