Top Sport

Брињоне освои злато во алпска комбинација

Италијанската скијачка Федерика Брињоне го освои златниот медал на Светското првенство во Мерибел, Франција, во дисциплината алпска комбинација.

Брињоне беше најбрза во првото возење во супервелеслалом, а потоа ја задржа предноста во слалом и со вкупно време од 1:57,47 минути го освои вториот медал на светските првенства.

Претходно, 32-годишниот Италијанец го освои среброто во 2011 година во Гармиш-Партенкирхен во велеслалом.

Сребрениот медал го освои двократната светска шампионка во алпска комбинација од 2017 и 2019 година, Венди Холденер од Швајцарија, која заостана 1,62 секунди од победничката.

Австријката Рикарда Хазер ја освои бронзата и првиот медал во кариерата со 2,26 секунди заостанување зад Брињоне.

Златната медалистка од последното Светско првенство, Американката Микаела Шифрин не оствари пласман, откако ја пропушти третата капија пред целта во слалом.

Шифрин беше главен фаворит за златото во оваа дисциплина, а по неуспехот останува на вкупно 11 освоени медали на светските првенства.

Scroll to Top