Top Sport

Британците и „Би-би-си“ ја избраа Радукану за спортист на годината

Британската тениска сензација, шампионката од САД опен, тинејџерката Ема Радукану ја доби наградата за на спортист на годината 2021 во избор на „Би-би-си“, победувајќи го скокачот во вода, Том Дејли и пливачот Адам Пити во изборот на британската публика.

19-годишната Радукану оваа сезона експлодираше на тениската сцена – прво како 338. тенисерка на светот со вајлд карта на Вимблдон, каде што стигна до четвртото коло, за во својот втор гренд слем во кариерата, САД опен во Њујорк да стане првата гренд слем шампионка која ги минала квалификациите.

За тим на годината е избрана англиската фудбалска репрезентација, која стигна до првото големо финале од 1966 година, но загуби на пенали од Италија во финалето на Европското првенство на „Вембли“, додека за најдобар тренер е избран нивниот селектор Герет Саутгејт, за кого ова е втора ваква награда по таа во 2018 година, кога со Англија стигна до полуфиналето на Светското првенство.

Scroll to Top