Британецот Нил Кемпбел, на аеродромската писта во Елвингтон, во северен Јоркшир, на велосипед успеал да постигне неверојатна брзина. Максималната брзина што ја поставил Кемпбел изнесувала 280,557 километри на час што е нов светски рекорд. Британецот за 14 километри на час го подобрил рекордот на Холанѓанецот Фред Ромпелберг.
На патеката, велосипедот со Кемпбел најпрвин бил повлечен од автомобил „Порше Кајен“, а потоа со сопствената сила на делницата на пистата долга 200 метри ја достигнал рекордната брзина.
Откако го урнал рекордот тој изјаил дека планира на велосипед да достигне брзина и од преку 350 километри на час.