Top Sport

Последен обид на Реал да го донесат Нејмар

Шпанскиот „АС“ тврди дека Реал Мадрид ќе имаат уште еден одид да го донесат Нејмар. Бразилецот цело време се поврзува со Барселона, но ПСЖ ги одбиле сите понуди од „Ноу Камп“. Барселона за Нејмар нуди фудбалери и одредена сума на пари.

„АС“ пишува дека Реал се сериозни во намерите да го донесат Нејмар кој е сериозен во своите намери да го напушти Париз. Наводно ПСж биле подготвени да го продадат, но нема информации што можат од „Сантијаго Бернабеу“ да понудат за Бразилецот.

Нејмар во 2017 за рекордна сума од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ од Барселона, За „светците“ во две сезони постигна 58 гола на 51 натпревар.

Scroll to Top