Поранешниот светски шампион, британскиот боксер Амир Кан преку повеќе виде на Интернет за ширењето на корона вирусот ја обвини 5Г технологијата.
Кан, кој беше шампион во две тежински категории, вели дека глобалната криза поради корона вирусот е „вештачки направена“ за да се оддржи контролата на популацијата, оценувајќи дека 5Г технологијата е направена за „да ги влоши работите“.
„Не верувам дека вирусот доаѓа од Кина. Тоа е лага. Јаделе лилјаци и змии, какви глупости се тоа, зарем верувате во тоа? Знам дека на сите ви е здодевно од корона вирусот. Зарем не мислите дек 5Г со овие кули кои ги градат нема влијание? Можеби е за контрола на популацијата, да се ослободат од нас, гледате дека велат дека влијае на старите луѓе. Поставуваат 5Г кули и ти велат не оди надвор“, вели Кан.
Сите експерти се согласуваат дека нема апсолутно никаква врска со 5Г телефонската технологија и вирусите. Теоријата на заговор започна минатиот месец, откако на едно видео снимено во САД се тврдеше дека Африка не е погодена од корона вирусот, бидејќи не е „5Г регион“.
Looks like Amir King Khan lost his brain cells and intelligence to 5g a long time ago #Crambole pic.twitter.com/Qf0afULNmA
— A.A (@AyAySannn) April 1, 2020