Top Sport

Британските спортисти бараат да остане руската суспензија

Група на британски спортисти прати необично писмо до Светската анти-допинг агенција (ВАДА) објаснувајќи дека ќе се случи „катастрофа за чистиот спорт“ доколку на Русија на состанокот следната недела и биде тргната суспензијата.

Писмото од комисијата на спортисти на Британската анти-допинг агенција (УКАД), каде што има неколку олимписки шампиони како Лизи Јарнолд и Калам Скинер тврди дека ако Русија се врати ќе се загуби вербата во системот.

Русија уште не го прифати таканаречениот „Извештај на Мекларен“ нарачан од ВАДА во кој се тврдеше дека над 1.000 руски спортисти биле дел од државен систем на допингување пред Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Руската анти-допинг агенција беше „суспендирана“ во 2015 година.

Scroll to Top