Браќата Недеви, Дејан и Аљоша, освоија бронзен медал на ИТКФ шампионатот што се одржа во Бразил. На ова првенство учествуваа над 400 натпреварувачи од 32 земји.
Дејан и Аљоша Недеви го освоија третото место во дисциплината „ен-бу“. Претходно Дејан Недев го освои четвртото место во дисциплината „фукуго“.
Покрај браќата Недеви Македонија на ова Светско првенство ја претставуваше и нивниот татко Венцислав кој покрај другото беше и судија на ова првенство.