Top Sport

Брутално нокаутиран братучедот на Нурмагомедов (Видео)

Хабиб Нурмагомедов повторно влезе во кафезот, овој пат за да му помогне на својот братучед кој беше брутално нокаутиран.

Шамил Завуров се борел против Мансур Барнауи, на натпреварување што е во организација на ММА. На овој турнир учествуваат 32 борци, а братучедот на планетарно популарниот Хабиб неславно го заврши натпреварувањето.

Мансур со неверојатен удар со коленото успеал да го нокаутира Завуров. Бидејќи за момент ја загубил свеста, во кафезот за да му помогне влегол и Хабиб Нурмагомедов. Веднаш реагирале и докторите, а Завуров без последици по здравјето го напуштил борилиштето.

Scroll to Top