Александар Бублик (25), руски тенисер кој има и државјанство на Казахстан и настапува под знамето на оваа држава дефинитивно е еден од најлудите во белиот спорт. Познат е по своите изјави дека го мрази тенисот „најодвратниот од сите спортови“.
Демонстрација на тоа дека има проблем да ги контролира емоциите и дека навистина не го сака тенисот, Бублик имаше на турнирот во Монпелје.
Бублик лани го освои овој турнир и засега тоа му е единствената титула во кариерата.
Како бранител на титулата тој настапот го заврши во првото коло. Подобар од него во три сета (6:4, 6:7, 7:6) беше Грегоар Барера.
Во тај-брејкот на решавачкиот сет, кога Барера поведе со 6:0, Бублик скрши три рекети на теренот за помалку од една минута, а исто толку уништил и во соблекувалната по натпреварот. Инаку, Бублик не успеал да победи никого од 27. октомври минатата година.
The TRIPLE 😳😳😳#OSDF23 @OpenSuddeFrance pic.twitter.com/vTsNeFVJcA
— Tennis TV (@TennisTV) February 8, 2023