Вечерва во Софија започна 34-то Европско првенство во одбојка. Покрај Бугарија, континеталниот шампионат се игра и во Италија, Финска и Романија.
Европското првенство го отворија Бугарија и Македонија во арената „8888“, во Софија. Четвртото учество на европските шампионати, Македонија со започна со очекуван пораз.
Бугарите, второ пласирани на последното Светско првенство, славеа за 75 минути игра со 3:0 (25:17, 25:19, 25:18).
Капитенот Ѓоргиев мечот го заврши со осум поени, по пет имаа Љафтов и Савовски. Бугарија ја предводеше Александар Николов со 19 поени.
Македонија, во петок, во второто коло ќе игра против Украина.
Foto/ facebook.com/volleyballmkd
