Најпознатиот бугарски боксер, тешкашот Кубрат Пулев тврди дека ќе се бори со Ентони Џошуа на 25 јули, откако нивниот првичен меч на 20 јуни во Лондон беше откажан поради корона вирусот. Останува нејасно како мечот би се оддржал само месец дена подоцна, кога веќе во текот на летото се откажани Европското првенство во фудбал, Вимблдон и Олимпијадата во Токио.
38-годишниот Пулев навистина нема среќа за дуелот со шампионот во тешка категорија Џошуа, откако пред две години мораше да се повлече од мечот поради повреда на рамото, а сега кога доби втора шанса, се случи пандемијата на корона вирусот.
„И покрај најтешката битка на човештвото досега, ќе мораме да научиме да живееме на нов, не толку пријатен начин. И покрај тешкотиите, мора да се најде причина за насмевка, за трансформирање на нашите животи, за заддржувања на среќата и вербата во подобра иднина. Затоа , верувам дека ќе го добијам мечот за титулата на новиот датум на 25 јули“, напиша Пулев на Инстаграм.
Неодамна, агентот на Џошуа, Еди Херн потврди дека постои опција за меч без публика, откако првичниот дуел беше планиран да се оддржи на прекрасниот нов стадион на Тотенхем.