Top Sport

Бушар пак се жали: Тешко е да најдеш момче кога патуваш толку многу

Поранешната светска тенисерка број 5, Јуџини Бушар вели дека состанокот со Боб Менери, човекот кој плати 4.000 долари за оваа „чест“, поминал многу лошо, признавајќи дека е тешко да се грижиш за личниот живот кога имаш толку обврски со патување како во професионалниот тенис.

Канадската тенисерка, која по ветувачкиот старт на кариерата има драстичен пад, во последно време е попопуларна како Инстаграм ѕвезда и призна дека е тешко да се оддржуваат врските на далечина.

„Тешко е да се сретнеш со луѓе во вистинскиот живот бидејќи секогаш патувам. Обично, секоја недела сум во друг град, така што е многу тешко да се оствари врска. Исто така би сакала да сретнам некој кој не ме познава поради тенисот, но тоа е многу тешко“, вели 26-годишната Бушар.

Бушар во моментов е само на 332. место на светот, откако во 2014 година играше во финалето на Вимблдон (каде што загуби од Петра Квитова).

Бушар бара „партнер во двојки“ за карантин

Бушар се налути: Не сум Инстаграм-ѕвезда, туку тенисерка

Scroll to Top